Skopje Design Week 2013

Skopje Design Week е настан што се случува по трет пат во 2013 година во главниот град на Македонија. Тоа е мултидисциплинарен настан кој ги комбинира различните дисциплини, од дизајн на производи, визуелни уметности, архитектура, фотографија, филм, музика, мода, накит, гастрономија итн. Неговата цел е афирмација на културната индустрија во регионот, како и афирмација на македонскиот дизајн на глобално ниво. Масата EthnoCube беше дел од изложбата оваа година. Беше направена во рамки на работилницата за мебел, дел од проектот Patterns, организирана од Public Room.