Das ist Walter - Берлин

“DasistWalter” е изложба организирана од галеријата “PrimaCentarBerlin” за одбележување на 70-годишнината од создавањето на Југославија. Причината не беше југо-носталгија и изложбата немаше дефинирана тема, а пристапот беше либерален и уметниците ги изложуваа своите дела по сопствен избор. Беа присутни уметници и креативни луѓе од цела поранешна Југославија. Изложбата беше отворена од 29.11.2013 до 26.01.2014 година во Берлин. Изложбата вклучуваше гласање, односно, посетителите можеа да гласаат за нивното омилено дело. Наградата за првите тројца уметници кои што освоија најмногу гласови беше изложба во истата галерија. Постерот “Етно коцка” беше дел од изложбата. Делото освои најмногу гласови на гласањето онлајни со тоа се стекна со право да учествува на претстојната изложба.