Furnitureismus - Скопје

По големите успеси доживеани со изложбата Поствалтеризам во Берлин, LifeStyleFactory одлучи да ја претстави својата работа во главниот град на Северна Македонија, Скопје. Firnitureismus беше организиран како прва самостојна изложба на LifeStyleFactory. Две различни изложби под истото име беа организирани во Скопје и Струга. Во период од пет дена, во секој од градовите, луѓето беа во можност да видат еден посебен пристап кон дизајнот на мебел. Исто така, освен мебел, на изложбите беа прикажани различен тип на дизајн на тањири инспирирани од македонскиот традиционален вез. Изложбата во Скопје се одржа во периодот помеѓу 11.12.-17.12.2014 година.