EthnoCube

EthnoCube е парче мебел инспириран од македонскиот традиционален дизајн. Изработена е од 101 коцка поврзана со метални решетки. Распоредот на коцките на масата е лесно менлив. Нејзините димензии, форма и висина се исто така лесно променливи. Денешно време луѓето сакаат да ја прилагодуваат својата гардероба и објектите за секојдневна употреба, давајќи им сосптвен печат. ЕthnoCube се стреми да ги задоволи тие потреби за посебен израз. Дизајнирана и изработена е во склоп на работилницата за мебел, дел од проектот Шеми, организирана од Јавна соба. Прва изложба на која што беше изложена е Скопската недела на дизајн 2013 година.

Во соработка со Зоотроп студио -
http://zootrop.com.mk/