Нику Бар

Тирана, Република Албанија

Како главен град на Албанија, Тирана се развива енормно во последната деценија, претворајќи се во модерен центар со карактеристична архитектура. Згради од јавен карактер, приватни куќи, ресторани, барови… во сите објекти се огледува примена на искуство, знаење, квалитет  во рангот на светската модерна архитектура. Проект идеата за Нику бар се наоѓа на  локација во центарот на Тирана, на улица која е многу популарна по своите барови и ресторани.