Фудбалска академија ФК Вардар

Скопје, Република Северна Македонија

Надворешната приказна на Фудбалската академија ФК Вардар се прелева во внатрешната организација на просторот. Стаклената ограда долж целиот атриум е комбинирана со робусна метална рамка, отворен простор во комбинација со зеленило, поставено вертикално по висината на атриумот. Атриумот е надополнет со карактеристични предмети со LED-светла. Зградата е полна со контрасти кои, поврзани на правилен начин, ја отсликуваат целата заднина и карактер на клубот. И, се разбира, боите на клубот секогаш се присутни во секој детаљ.