Ентериер - Вила Д

Дебар, Република Северна Македонија

На барање на инвеститорот, ентериерот на оваа вила е осмислен како еден огромен отворен простор. Негова главна карактеристика е голем, елегантен влезен хол со два пара кружни скалишни краци и фонтана во центарот. Освен дневна соба, трпезарија и кујна, исто така сместени се следниве простории: спа, фитнес, паркинг простор за четири возила, технички и додатни помошни простории. Двата скалишни краци водат кон отворена галерија на вториот кат. На истиот се сместени четири спални соби, секоја опремена со посебна бања и просторија за хоби. Огромна отворена тераса овозможува прекрасен поглед кон реката.