Гимназија Владо Тасевски, Скопје, С. Македонија

Добро дизајнираниот ентериер во средно училиште има многу поголемо значење од само естетика. Квалитетно уредените заеднички простории играат голема улога во развојот на учениците, ја поттикнуваат продуктивноста и ја развиваат креативноста. Во овие простории поголемиот дел од денот поминуваат учениците од гимназијата „Владо Талевски“ во Скопје, па не случајно имаат големо влијание врз нивната благосостојба и здравје.

Со идеја да внесеме дел од природата во училишните ходници, а имајќи го предвид биофилниот дизајн, игравме со наизменични површини од профилиран мдф и природно зеленило. На овој начин им овозможивме не само малку поинакво искуство на учениците, туку ги заштитивме и ѕидовите од можни оштетувања.

Информации за проектот

  • Гимназија – заеднички простории

  • Скопје, С. Македонија

  • 1100 м2