Main Background
Ние ја креираме
вашата замисла

За нас

LifeStyleFactory се базира на фундаменталните основи на архитектурата комбинирани со голема пасија за дизајн и уметност и изнаоѓање начини како истите да се применат во објекти од секојдневието и да се нахрани страста за животот преку нив. Нашето гледиште е експериментално, независно дали станува збор за мали или големи проекти. Во модерниот дизајн доминираат идеи што се потпираат на техницизам и утилитаризам, а комфорот доаѓа на последно место. Повеќе внимание се посветува на убавото отколку на добриот дизајн. Поимот „убаво“ е релативна категорија што доведува до пренатрупување со бескорисни обични предмети. Покрај нив, луѓето се чувствуваат немоќно против неконтролираниот налет на идеи и постулати за тоа како треба да изгледа сликата и суштината на стилот на животот.
Кога работиме на архитектонските проекти, ентериерот, мебелот или дизајнот на производите, независно од видот на проектот, земаме предвид сложени критериуми како што се функцијата, формата, идејата, човечкото искуство, општественото однесување, глобалните економски и политички прашања, одржливост, физичка и ментална интеракција, и никогаш не го поткопуваме ригорозното разбирање и желбата за современата култура. Нашите клиенти ги гледаме како партнери и заедно му пристапуваме на секој проект како уникатен предизвик. Создаваме иновативно и целосно интегрирани решенија преку спојување експерти за архитектура, ентериер, дизајн, инженеринг и урбано планирање.
Main Background
Архитектура
Main Background
Внатрешен дизајн
Main Background
Дизајн на мебел

Вести и Настани

Нашите партнери

Нашите клиенти се насекаде!

Контакт

Имате интересен проект за нас, идеа за соработка или само сакате да кажете здраво?
Слободно пишете ни или посетете не. Правиме одлично кафе.