Хапа Фарма канцеларии, Скопје, С. Македонија

Во деловен простор од околу 500 м2, добивме задача да направиме проект за внатрешно уредување на работните простории на една фармацевтска компанија во Скопје, кој ќе вклучува две конференциски сали, три канцеларии за менаџери, седум посебни канцеларии за секоја работен оддел во фирмата, кујна, влезен хол и дополнителни содржини. Иако во секоја од собите се провлекува по еден стил, секоја од канцелариите има посебна карактеристика што ја истакнува, а посебно внимание се посветува на канцелариите за управување, кои го отсликуваат стилот на секој од менаџерите.

Информации за проектот

  • Канцеларии

  • Скопје, С. Македонија

  • 550 м2